Но нека тоа не ве загрижува

Пишувањето на блог е всушност
многу лесно и со текот на времето ќе бидете подобри и подобри.
Никој не очекува да бидете познат
писател туку потрошувачите очекуваат да пренесете корисни и читливи
содржини поврзани со вашиот бизнис.
Наслов
Насловот е најважниот дел од вашиот текст. Тоа е она што чини некој да кликне и да го
прочита вашиот текст. Насловот мора јасно
да го одразува она што сте го напишале. Многу е веројатно
дека насловот "Кликни за да ја видиш Карлеуша
гола " ќе привлече многу кликови, но ако текстот е за
нешто сосема друго тоа ќе предизвика само
лутина кај вашите читатели и идни
купувачи.
SEO – оптимизација за пребарувачи
(Search Engine
Optimization) е важен и суштински дел но
секогаш пишувајте за вашите клиенти, а не
за пребарувачите.